САД

Продолжува посетата на британскиот монарх

29.04.2026 10:30

Вчера монархот го почна денот со средба во Белата куќа со претседателот Трамп. Потоа, се обрати пред Конгресот на САД, што е прво обраќање на британски монарх од обраќањето на кралицата Елизабета Втора во 1991 година.

Продолжува посетата на Кралот Чарлс во САД, придружуван од кралицата Камила. Вчера монархот го почна денот со средба во Белата куќа со претседателот Трамп. Потоа, се обрати пред Конгресот на САД, што е прво обраќање на британски монарх од обраќањето на кралицата Елизабета Втора во 1991 година.

Претседателот на САД ја угости кралската двојка на државна вечера во Источната соба на Белата куќа на која присуствуваа околу 130 гости.

„Во пресрет на 250 години од ценетата независност, се свртуваме кон сувереното олицетворение на нашето британско наследство. Искрено им се заблагодаруваме на нашите пријатели, Обединетото Кралство, за најбогатото наследство што некоја нација некогаш и го дала на друга“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

„Приказната за Британија и Америка е приказна за помирување, од противници до најблиски сојузници. Како што самиот рековте, господине претседателе, за време на вашата државна посета на замокот Виндзор изминатата година, нашата врска е нераскинлива од историја и наследство, култура и трговија, индустрија и пронајдок. И ние сме решени заедно да се соочиме со иднината. Вечерва, тука сме да обновиме неопходен сојуз кој долго време е камен-темелник на просперитетот и безбедноста и за британските и за американските граѓани“, изјави Крал Чарлс Трети – британски монарх.

Кралот и Кралицата ја продолжуваат турнејата низ САД оваа недела со посета на Њујорк и Вирџинија.