Косово

Косово одново е на прагот на нови парламентарни избори

29.04.2026 12:42

Собранието не успеа да избере нов претседател во уставниот рок поради недостаток на потребниот број гласови. Во гласањето учествуваа само членови на владејачкото Движење за самоопределување и претставници на несрпските малцинства, но нивните 64 гласа не беа доволни за избор на претседател...

Косово одново е на прагот на нови парламентарни избори. Собранието не успеа да избере нов претседател во уставниот рок поради недостаток на потребниот број гласови. Во гласањето учествуваа само членови на владејачкото Движење за самоопределување и претставници на несрпските малцинства, но нивните 64 гласа не беа доволни за избор на претседател, за што е потребно двотретинско мнозинство од 120 пратеници.

Премиерот Курти, рече дека владата понудила различни решенија за да избегне нов изборен циклус, но сите предлози биле одбиени.

Се очекува претседателот на Собранието да распише предвремени избори во наредните денови, кои според Уставот мора да се одржат во рок од 45 дена.