Мртва трка за Шкотска, резултатите се очекуваат утре

18.09.2014 17:03

Велика Британсија со доза на страв во очекување на исходот. Британскиот премиер изутрината изјавил- секој кој се грижи за Велика Британија од утрово е нервозен...

Историски ден за граѓаните на Шкотска. Дали по речиси 300 години, ќе дојде до развод меѓу Шкотска и Обединетото Кралство? Рекордни 4,3 милиони гласачи со навршени 16 години на референдум се изјаснуваат на единственото прашање „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“.

„Ова е е единствена шанса во животот  и досега излезноста на гласање е многу голема. Своето право на глас го користат малдите но и повозрасните“, изјави премиерот на Шкотска, Алекс Салмонд.

Излезноста е многу голема, речиси 80 насто од гласачите по електронски пат веќе се изјасниле. Анкетите велат дека се води мртва трка, за или против отцепување.

„Без разлика каков ќе биде референдумот земјата секако ќе биде поделена... Ова е многу важен период за Шкотска.  Цела генерација има сила за политички и економски проемни во земјата...“, велат гласачите.

Велика Британсија со доза на страв во очекување на исходот. Британскиот премиер изутрината изјавил- секој кој се грижи за Велика Британија од утрово е нервозен. Прогнозите велат дека евентуалната независност на Шкотска може да предизвика бран оставки во Лондон, но тоа ќе влијае и на стабилноста на фунтата.

И Европа со внимание го чека исходот од референдумот, кој може да биде иницијална каписла  за отцепување  и на други држави во Европа и светот. Досега речиси 60 држави имаат изгласано или добиено независност од Обединетото Кралство.

Првите неофицијални резултати се очекуваат во текот на ноќта, додека официјалните ќе бидат презентирани во текот на утрешниот ден. Доколку референдумот успее, прогласувањето на  независност ќе се случи на 24 март 2016 година.

Познавачите на состојбата велат дека тоа ќе биде долг процес во кој требада се решат многу прашања како британското нуклеарно оружје, граничната контрола и стабилноста на валутата.

 

Марија Петковска