„Демпо Груп“ ќе гради две фабрики во Македонија
Турски Демпо груп стопанисува со повеќе производствени погони за јаглен, амбалажа и мозаици во Турција. Има 700 вработени во четири различни компании. Одлуката за инвестирање ја соопштија на владиното роуд шоу...

Турски Демпо груп ќе гради две фабрики во Македонија. Ќе произведува амбалажа, ќе префрли дел од бизнисот со мермер и мозаици во државава. Менаџментот најави – ќе инвестира речиси шест милиони долари.
„Планираме да дојдеме со две дејности, првата во секторот амбалажа, ќе градиме фабрика во вредност од три милиони долари. Во втората фаза ке ја префрлиме нашата фабрика за производство на мермер од Турција во Македонија. За почеток ќе има15 вработувања а подоцна 300 до 400. За производство на мермер ке вложиме 2,5 до три милиони евра а со тек на време планираме и нивно зголемување. Ќе почнеме во првиот квартал од 2015 тата а потоа ќе ја прошируваме инвестицијата“, вели Музафер Полат, сопственик на Демпо груп.
Турски Демпо груп стопанисува со повеќе производствени погони за јаглен, амбалажа и мозаици во Турција. Има 700 вработени во четири различни компании. Одлуката за инвестирање ја соопштија на владиното роуд шоу. Турските бизнисмени ја сакаат Македонија како бизнис дестинација. Голем е интересот за вложувања во држава – истакна премиерото Груевски по средбите со менаџерите на неколку големи компании.
„Имавме со десетина и повеќе компании директни средби и неколку со сигурност кажаа дека ќе дојдат и ќе инвестираат. Две во земјоделието, некои во изработка на пластика, некои во текстилот, некои во други дејности, така што доста голем интерес. Што е најинтересно, не само интерес туку и објава на конкретни намери, односно и на некои одлуки да иневстираат“, рече премиерот Никола Груевски.
Турција е меѓу 10 те најзначајни трговски партнери на Македонија. Странските директни инвестиции во земјава достигнаа 44 милиони евра. Земјата е меѓу најбрзо растечките економии. Има водечка улога во автомобилската индтсруја, електронските уреди, текстилот и градежништвото.
Сузана Фиданска Стоевска
