Министерот Муцунски го пречека швајцарскиот претседател Ги Пармелан
Ги Пармелан пристигна во Скопје, тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски...

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан пристигна во Скопје. Тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова – напиша министерот Муцунски на Фејсбук.
Посетата, како што посочува Муцунски, претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка.
