МВР
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
29.04.2026 11:23
Вчера во 20:00 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Е.(49) од Скопје...

Вчера во 20:00 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Е.(49) од Скопје, информираат од МВР.
При извршен преглед над него и при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
