Интеграции

Мицкоски: Вајц потврди дека земјава има напредок

29.04.2026 13:25

Премиерот Мицкоски порачува дека владата прави се што е во нејзина моќ да ги испорача реформите. Опозицијата предупреди дека останува обврската за уставни промени.

Интервјуто на известителот за Македонија во Европскиот парламент, во кое тој за бугарски медиум вели дека нема напредок во реформите, било дадено пред седум недели. Но, тоа беше доволно за бура реакции на домашната политичка сцена. Премиерот Мицкоски порачува дека владата прави се што е во нејзина моќ да ги испорача реформите. Опозицијата предупреди дека останува обврската за уставни промени. 
 
Марина Стојанова – Тонева известува.