Извештај

Светска банка: Раст на македонската економија од 2,9% оваа година

29.04.2026 15:20

Светска банка очекува Македонија годинава да има раст на БДП од 2,9 проценти, а во 2027 и 2028 година од три проценти. Ова е нешто над регионалниот просек, што се проектира на 2.8. Банката објасни дека економскиот раст ќе забавува поради кризата на Bлискиот Iсток, инфлацијата и зголемената неизвесност...

Според најновиот извештај на Светска банка, проекциите за Македонија се дека годинава ќе ја заокружи со раст од 2,9 насто. Регионалниот економски раст во просек ќе достигне 2,8 проценти, за 0,3 процентни поени под претходните проекции. Економскиот раст на Западен Балкан се очекува да продолжи да забавува како последица од конфликтот на Блискиот Исток, постојаната инфлација и зголемената неизвесност.

„Глобалната неизвесност и геополитичките тензии го попречуваат растот во Западен Балкан, а растечките цени директно ги погодуваат паричниците на луѓето“, изјави Шиаочинг Ју, директорка при Светска банка за земјите од Западен Балкан.

Светска банка советува на зголемување на активноста на неискористениот потенцијал работната сила ќе биде од суштинско значење – предупредува дека населението во Западен Балкан старее побрзо од речиси секое друго место во Европа, но и оти се иселува. Сепак, надлежните препознаваат и други трендови.

Кризата на Блискиот Исток притиска. Тоа што македонските граѓани плаќаат најевтино гориво ќе има импликации на Буџетот, но е во интерес на заштита на стандардот. Инфлацијата засега е на очекуваното ниво, под 5 проценти, оценува премиерот Мицкоски.

Се преговара со ОКТА за продолжување на попустот на цената на горивата. Засега не се размислува за ограничување на точењето на гориво од соседството, ниту за намалување на ДДВ-то и акцизите за горивата. Државните резерви сè уште не се искористени.

Александра Велинова