Посета

Поддршка од Швајцарија за интеграцијата на Македонија во ЕУ

29.04.2026 16:31

Македонија бара евроинтеграција под исти услови како и за другите кандидатки за членство – претседателката Сиљановска – Давкова оваа порака ја испрати по средбата со швајцарскиот колега. Пармелан, чијашто земја не е дел од ЕУ категоричен – ги поддржуваме реформите зашто сакаме стабилен и безбеден Западен Балкан.

Во време на нестабилност, евроинтеграцијата е неопходна за безбедноста на Европа, заклучија претседателите на Швајцарија и Македонија, при посетата на Пармелан во Скопје. Македонија е за евроинтеграција под исти услови како и другите кандидати според исполнетите реформи неопходни за приближување кон ЕУ, истакнала претседателката Сиљановска-Давкова.

Стабилен и безбеден Западен Балкан е важен за Швајцарија и затоа ќе продолжиме со поддршка на реформите за интеграција во ЕУ, порача претседателот на Швајцарија во Скопје.

Швајцарија како дел од шенген-зоната нема да го одложи спроведувањето на системот за влез и излез за македонските државјани до септември.

 

Ирина Гелевска