Економија

Се подготвува нов закон за работни односи

29.04.2026 18:40

Наскоро ќе се формира работна група – дел од измените ќе предвидуваат флексибилно работно време, работа од дома или онлајн, како и олеснувања за родителите со мали деца.

По осум години застој, Законот за работни односи излегува од фиока. Наскоро ќе се формира работна група – дел од измените ќе предвидуваат флексибилно работно време, работа од дома или онлајн, како и олеснувања за родителите со мали деца.

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот, СОНК предупреди дека непочитувањето на законите и различното толкување на колективните договори останува најгорлив проблем за работниците. Решение, според Неделков може да се постигне единствено преку социјален дијалог. СОНК нема да учествува во првомајскиот протест.

Како ќе се пресметува минималната плата дали по постојната равенка или ќе бидат вклучени нови елементи, договор треба да постигнат работниците и работодавачите, велат од Министерството економија, од каде најавуваат оти се размислува за промена на Општиот колективен договор.

Викторија Милевска