Македонија

МВР: Лажна дојава за бомби во училишта во Скопје

29.04.2026 14:56

Полицијата утврди дека заканите за поставени експлозивни направи во повеќе училишта се лажни, по спроведени проверки на терен.

Денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи е пристигната закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје.

Веднаш по приемот на пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности, извршувајќи проверки во и околу објектите опфатени со дојавата.

По извршените контроли, утврдено е дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, соопштуваат од МВР.