Политика

Техничката влада заминува во историјата

29.04.2026 19:06

Со 70 гласа „за“ и 11 „против“, Собранието ја испрати техничка влада во историјата. За власта рецидив од минатото, за опозицијата гаранција за фер изброи. СДСМ ги оствари заканите, не дојде на работната група за изборното законодавство.

Техничката влада заминува во историјата. Собранието ги изгласа измените на Законот за Владата со 70 гласа „за“ и 11 „против“. Според усвоените измени, укинувањето ќе стапи во сила по следните парламентарни избори.

Пред гласањето претходеше жестока дебата во Собранието.

За власта, техничката влада е рецидив од минатото и затоа се укинува, за опозицијата таа е гаранција за фер и демократски избори и не може без консензус да се оди кон такво решение.

Укинувањето на техничката влада треба да важи не од следните избори, туку од оние по нив.

СДСМ денес не учествуваше во работата на групата за реформи во Изборниот законик. Министерот за правда ја обвини партијата дека со ваквите нивни крајно срамни и неодговорни политики, реформите се држат во заложништво на теснопартиските интереси, а европската иднина на нашите граѓани во неизвесност.

Инаку, техничката влада беше воведена како брана за предизборни манипулации со јавните пари и други злоупотреби во корист на изборите.

Борис Грујоски