Временска прогноза
Облачно со врнежи од дожд
30.04.2026 08:12
Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h...

Облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни (15 до 20 l/m2). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
