Министерот Муцунски во работна посета на Хрватска
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Загреб. Двајцата министри ќе разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, билатералните односи и за секторската соработка, како и за иницијативите за нивно натамошно унапредување во сите сфери од заемен интерес...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Загреб. Двајцата министри ќе разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, билатералните односи и за секторската соработка, како и за иницијативите за нивно натамошно унапредување во сите сфери од заемен интерес.
Посебен акцент ќе биде ставен на претстојното потпишување на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, како и на економската соработка и начините за нејзино продлабочување, како и на проширувањето на соработката во областа на енергетиката, здравството, културата и туризмот, но и споделување на хрватското искуство на патот кон полноправното членство во европската унија, информираат од МНР.
Во рамки на работната посета на Загреб, министерот Муцунски ќе учествува на IDU Forum организиран од страна на Интернационалната демократска унија каде ќе говори на тема „Заборавената граница: Западен Балкан и незавршеното ветување на Европа“.
