Кривичен Суд

Рочиште за екс претседателката на Антикорупциска

30.04.2026 09:13

Од Обвинителството најавија дека ќе бидат презентирани комуникации меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да поткрепат сомнежи за оддавање службени информации...

Ново рочиште за предметот „Адитив“. Од Обвинителството најавија дека ќе бидат презентирани комуникации меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да поткрепат сомнежи за оддавање службени информации. На претходното рочиште, против антикорупционерката Димитровска се преслушуваа пораки кои откриваат детали како се договарал сертификатот од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, доказ на Обвинителството дека незаконски го стекнала. Беа изведени и дополнителни докази, вклучително и предмети поврзани со можен судир на интереси кои се воделе во рамки на Комисијата во периодот кога Димитровска била на нејзино чело. 

Во судницата беа приложени и документи за имотната состојба на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е опфатен со обвинението во предметот „Адитив“.