Кривичен Суд
Завршни зборови за тројцата полицајци за „Пулс“
30.04.2026 08:31
На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни...

Во Кривичниот суд Скопје закажано рочиште со завршни зборови за тројцата полициски службеници од Кочани за постапувањето при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни. На обвинетите им се става на товар дека при извршување акциски контроли во угостителскиот објект „Пулс“ не постапиле во согласност со пропишаните правила.
Биле констатирани прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, но биле внесени неточни податоци за правното лице кабаре „Пулс“ во Кочани.
