Хиршер го прекина австрискиот пост
По цели 16 години, Марсел Хиршер и донесе на скијачката велесила Австрија триумф на класичниот велеслалом во италијанска Алта Бадија. На патеката „Гран Риса“, на којашто последен од Австријците се радуваше Кристијан Мајер во далечната 1997, Хиршер го сочува водството коешто го стекна по првото возење и со сигурен втор настап го одбрани приматот пред конкурентите. Французинот Алексис Пантуро на крајот заостана 35, а Американецот Тед Лигети 58 стотинки. Сите други скијачи имаа поголема негатива од една минута.

21-та победа во кариерата, а деветта велеслаломска, 24-годишниот Хиршер ја оствари само една недела по претходниот успех во Вал Д Изер и стана само 17-ти алпинец кој стигнал до 50 пласмани на пиедесталот во натпревари од Светскиот Куп. Толку рано како него, тоа им успеало само на легендите на белиот циркус Стенмарк, Тени, Цурбриген и Џирардели.
По четири од осум велеслаломски трки сезонава, Хиршер води со 320 бода, пред Лигети со 260 и Пантуро со 255. Во генералниот пласман за Светскиот Куп, и покрај денешното 20.место прв е и натаму Норвежанецот Аксел-Лунд со 530 бода, пред Хиршер со 435 и Лигети со 329.
Велеслаломот во Алта Бадија беше последното натпреварување на скијачите пред Божик. До Новата година им преостанува само уште спустот во Бормио на 29 декември.
*
Велеслалом (м), Алта Бадија
1.Марсел Хиршер АВС 2:37.45
2.Алексис Пантуро ФРА +0.35
3.Тед Лигети САД +0.58
4.Фриц Допфер ГЕР +1.37
5.Тим Џитлоф САД +1.65