Финансии

Стручна дебата во МАНУ за фискалната политика

30.04.2026 10:12

Фискалниот совет на РС Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“...

Фискалниот совет на РС Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, со цел да се поттикне конструктивен дијалог меѓу носителите на одлуки, економските експерти и меѓународните претставници за клучните фискални предизвици во земјата.

Според агендата, со поздравни обраќања на настанот што се одржува во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се обратат министерката за финансии м-р Гордана Димитриевска-Кочовска, академик Таки Фити, раководител на Центарот за стратешки истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и академик Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет.

Во рамки на расправата ќе бидат презентирани анализи за ефикасноста на јавната потрошувачка, одржливоста на јавниот долг, институционалната поставеност и фискалната одговорност, како и за улогата на фискалните правила во подобрување на фискалните биланси, со учество на истакнати академици и експерти од земјата.