Додека се чека привременото примирје, борбите меѓу Русија и Украина продолжуваат
Москва јавува жртви и повредени по напад врз автобус во Белгородската област, додека Киев тврди дека нападнале голем центар за руски нафтоводи...

Додека се чека дали привременото примирје предложено од Путин во телефонски разговор со Трамп ќе стапи во сила на 9-ти мај за одбележување на Денот на победата, борбите меѓу Русија и Украина продолжуваат.
Москва јавува жртви и повредени по напад врз автобус во Белгородската област, додека Киев тврди дека нападнале голем центар за руски нафтоводи. Зеленски изјави дека руската енергетска инфраструктура, воената логистика и одбранбеното производство се легитимни цели за украинските сили.
„Рускиот нафтен сектор, воената логистика и военото производство – сите тие се целосно легитимни и оправдани цели на нашите долгорочни санкции. Ќе ги заштитиме нашите национални интереси на секој начин што е потребен“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
