Во Аргентина се продлабочува скандалот за нелегално богатење на владиниот шеф на кабинетот, Адорни
Истрагата се фокусира на наводи за недоследности во пријавениот имот и патувања на владиниот шеф на кабинетот, Мануел Адорни. Во знак на поддршка, претседателот Хавиер Милеи лично присуствуваше на неговото обраќање пред Конгресот...

Во Аргентина се продлабочува политичкиот скандал околу наводно нелегално богатење на владиниот шеф на кабинетот, Мануел Адорни, што предизвика зголемени протести и пад на довербата во владата. Истрагата се фокусира на наводи за недоследности во пријавениот имот и патувања. Опозицијата бара негова оставка. Во знак на поддршка, претседателот Хавиер Милеи лично присуствуваше на неговото обраќање пред Конгресот.
„Не сум извршил никакво кривично дело и ќе го докажам тоа на суд. Обвинувањата се погрешни и се обид да се извлечат неточни заклучоци. Сите прашања ќе бидат решени во соодветната судска постапка“, изјави Мануел Адорни, шеф на кабинетот на претседателот на Аргентина.
Случајот доаѓа во момент кога владата се соочува со пад на рејтингот и зголемена политичка и економска тензија во земјата.
