САД
Силно торнадо во Тексас, најмалку пет лица повредени
30.04.2026 10:42
Најмалку пет лица се повредени и хоспитализирани откако силно торнадо со ветрови од најмалку 190 километри на час го погоди малиот град Минерал Велс во американската сојузна држава Тексас...

Најмалку пет лица се повредени и хоспитализирани откако силно торнадо со ветрови од најмалку 190 километри на час го погоди малиот град Минерал Велс во американската сојузна држава Тексас.
Според властите, производствени објекти се срамнети со земја, а покриви од куќи се откорнати во силниот вртлог што го зафатил градот.
Метеоролозите од Националната метеоролошка служба соопштија дека сè уште се проценува обемот на штетите и точната јачина на торнадото.
