МВР

Лишени од слобода дрвокрадци во општина Долнени

30.04.2026 15:02

Вчера во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с. Црнилиште...

Вчера во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с. Црнилиште, информираат од МВР.

Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с. Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од полициските службеници, по што се дале во бегство.

По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.