Вандализам во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип
Вандалски чин во основното училиште „Ванчо Прќе“ во Штип, уништени смарт табли, инвентар, компјутери. Настава нема. Камерите регистрирале како едно лице влегло околу полноќ и демолирало кабинети за предметна настава. Се работи на утврдување на строителите и околностите под кои се случил инцидентот...

Во најголемото штипско основно училиште, „Ванчо Прќе“ денес немаше настава. Причина е вандалскиот чин во училиштето ноќеска кога едно лица влегло во училиштето и ги демолирало кабинетите за предметна настава.
Идентитетот на сторителот е непознат. За сега познато е дека влегол со разбивање на вратата кај спортската сала. Вандалот оперирал со остар предмет со кој ги искршил смарт таблите и мониторите, а со спреј испишал недолични содржини. Полицијата ги анализира снимките од безбедносните камери во училиштето.
Ова е прв вандализам од вакви размери во училиште во Штип. Се прават напори за санирање на штетата и услови за настава од понеделник.
Славица Величковска
