социјални мрежи

ЕУ контрола на корисниците на социјалните мрежи

30.04.2026 14:18

ЕУ усвои ограничување на пристапот до интернет платформи за малолетни лица. Со новата алатка за верификација на возраста, малолетниците нема да можат да имаат пристап до одредени содржини на интернет.

ЕУ на телекомуникацискиот совет во Кипар, расправа како земјите членки да почнат со примена на новата контрола на пристапот до интернет страници и платформи за малолетните лица. Усвои нова алатка за верификација на возраста на корисниците на социјалните мрежи, страници за возрасни и сервиси за онлајн обложување, за да се спречи малолетниците да имаат пристап кон несоодветни содржини.

Преку апликацијата за верификација на возраста или идниот европски дигитален идентитетски паричник, корисникот треба да прикачи документи за потврда на возраста. По успешната еднократна проверка, апликацијата потврдува дали корисникот има 13, 16 или 18 години потребни да користи одредени интернет-страници, односно мрежи на интернет.

„Заштитата на малолетните е многу важна тема за ЕУ и за земјите-членки. Вчера Eвропската комисија одобри алатка за поддршка на земјите-членки со потврдување на возраста на корисниците на социјалните медиуми, со што особено ќе се заштитат малолетните корисници“, изјави Хена Виркунен, извршен потпретседател на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија.

Апликацијата е дел од стратегијата на ЕУ за регулирање на дигиталниот простор и заштита на малолетниците. ТикТок ќе мора да го промени својот фундаментален дизајн, а слични мерки ќе треба да применат и Фејсбук, Инстаграм, Снапчет и Шеин.

Со модел за верификација на возраста на ниво на ЕУ со што би се замениле сегашните правила што се разликуваат во земјите членки.

 

Ирина Гелевска