Рочиште за поранешната претседателка на ДКСК
Обвинителството денеска презентира докази, телефонски комуникации меѓу Димитровска и Небојша Стојановиќ. Од Обвинителството велат дека со оваа интензивна комуникација, се докажува дека обвинетата презела дејствија во насока на исполнување на кривичното дело, оддавање на службена тајна.

Ново рочиште за предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат.
Обвинителството денеска презентира докази, телефонски комуникации меѓу Димитровска и Небојша Стојановиќ. Од Обвинителството велат дека со оваа интензивна комуникација, се докажува дека обвинетата презела дејствија во насока на исполнување на кривичното дело, оддавање на службена тајна.
Според обвинението, таа, на Стојановиќ му давала доверливи податоци за поведени постапки, отворање предмети против правни и физички лица, службени белешки, како и информации за проверка на имотната состојба на обвинетиот и неговото семејство.
