Продолжува посетата на Турција, денеска бизнис форум во Мерсин
Според агендата, македонската владина делегација денеска ќе учествува на бизнис форум во Мерсин...

Премиерот Никола Груевски заедно со владината делегација во чиј состав се и министрите без ресор за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Фуркан Чако, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски ја продолжува посетата на Република Турција.
Според агендата, македонската владина делегација денеска ќе учествува на бизнис форум во Мерсин.
Вчера, премиерот Груевски во Адана учествуваше на бизнис форумот кој беше организиран во соработка со турската Унија на комори и стокови берзи (ТАББ) и Индустриската комора на Адана. На форумот пред турските стопанственици беа презентирани поволностите што ги нуди Македонија за странските инвеститори, за отворање бизнис и нови работни места.
Турција е меѓу 10-те најзначајни трговски партнери на Македонија.
