Земјоделство

Почна сеидбата на оризот

02.05.2026 15:39

Нова сеидба стари проблеми. Оризопроизводителите од кочанско ја почнаа сеидбата која годинава се планира на четири илјади хектари. Околу 60 насто од ланскиот род стои неоткупен, откупната цена на килограм арпа е под производната.

Оризопроизводителите од кочанско ја почнаа сеидбата со полни амбари, со над 10 илјади тони неоткупен род од минатата и предминатата година. Откупната цена е под производната, од 18 до 20 денари за килограм арпа. „Оризот го даваме џабе за да може да ја почнеме сеидбата“, велат земјоделците

Проблеми има и со системот за наводнување. Дел од површините сè уште немаат вода заради руинираниот каналски систем

Акумулацијата Калиманци е полна, вода има доволно, главните канали се исчистени, велат надлежните

Останува и проблемот со сертифициран семенски материјал, без кој родот е слаб и се губат и субвенции.

Оризот годинава е планиран на околу четири илјади хектари. И покрај бројните проблеми земјоделците велат дека ќе продолжат со производство заради тоа што единствено оризот успева на површините на кочанско поле.

Славица Величковска