Економија

Цената на нафтата ќе го поскапи превозот

30.04.2026 16:38

Поскапата нафта директно ќе влијае врз цената на транспортот, алармира стопанството. Со поскапувањето на горивата, превозните компании ќе мора да ги покачат цените на услугите. Растот на трошоците за транспорт ќе се одрази на сите сектори, бидејќи тој е клучен за дистрибуција...

Поскапата нафта директно ќе влијае врз цената на транспортот, алармира стопанството. Со поскапувањето на горивата, превозните компании ќе мора да ги покачат цените на услугите, што ќе доведе до поскапување на крајниот производ. Растот на трошоците за транспорт ќе се одрази на сите сектори, бидејќи тој е клучен за дистрибуција.

И експертската фела е загрижена за состојбата на Блискиот Исток. Професорот Борче Треновски, вели дека мора да сме подготвени на сè.

Европската Унија губи 500 милиони евра дневно, Брисел бара брза енергетска мобилизација. Според претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за само два месеца, сметката на ЕУ за увоз на фосилни горива се зголемила за повеќе од 27 милијарди евра, без Унијата да добие дополнителни количества енергија.

Државните резерви за гориво и за струја се стабилни. Ризици постојат, но ако треба, државата е подготвена за повеќе системски мерки.

Инаку, „Брент“ нафтата достигна 123,54 долари за барел, што е раст од 4,7 процент за 24 часа.

Борис Грујоски