Кривичен Суд

Во Кривичен завршни зборови за осомничените полицајци во случајот „Пулс“

30.04.2026 17:15

Во скопскиот Кривичен суд, завршни зборови за тројцата полициски службеници обвинети дека на газдата на „Пулс“ му овозможиле да не плати казна за незаконско работење. Обвинителството побара осудителна, одбраната ослободителна пресуда. Пресудата ќе биде изречена на 5-ти мај…

Во вторник, на 5 мај ќе се изрече пресудата за тројцата кочански полицајци – обвинети за злоупотреба на службената положба, односно дека на газдата на „Пулс“, Дејан Јованов му овозможиле да куртули од парична казна за угостување малолетници после полноќ.

Обвинителството тврди дека свесно во записниците од контролите пишувале неточни податоци, не барале документи на увид, па така наместо „Пулс“ да плаќа глоби, казните ги адресирале кон неактивна фирма.

Обвинетите во завршен збор тврдеа дека работеле законски и не чувствуваат вина.

Адвокатите побараа ослободителна пресуда.

Ова е еден од трите случаи што ги отвори ОЈО за ГОКК за полициски службеници поврзани со работењето на дискотеката „Пулс“. Обвинети се за злоупотреба на службената положба. Со едниот случај опфатени се девет, а во другиот 13 лица. Овие предмети сè уште се во фаза на судење во прв степен.

Анита Димитријевска – Велковска