Помалите синдикати бараат вклучување во социјалниот дијалог
Бројот на синдикати расте, но дали се зголемуваат работничките права? Помалите синдикати бараат да бидат вклучени во одлуките за правата и стандардот на работниците.

Во креирањето на трудовите политики и во преговорите во Економско социјалниот совет, претставници на работниците се репрезентативните синдикати со најголемо членство – „Сојузот на синдикати на Македонија“ и „Конфедерацијата на слободни синдикати“.
Од „Гласен синдикат“ велат дека работниците не се соодветно застапени бидејќи помалите синдикати се исклучени од процесите на донесување одлуки, каков што е случајот со креирањето на новиот Закон за инспекциски надзор.
Додека помалите синдикати се борат за поголемо влијание во носењето одлуки, експертите предупредуваат дека со раситнување на синдикалното членство моќта на синдикатите опаѓа.
Не се доволно синдикално застапени хонорарците, сезонските работници и оние кои работат преку дигитални платформи. Помалите синдикати предлагаат да се преиспитаат критериумите за синдикална репрезентативност и да не се исклучуваат организации што имаат реална поддршка меѓу работниците.
Славица Величковска
