Во Струмица нема ангажиран сезонски работници
Од јануари годинава е на сила е Законот за работно ангажирање на лица како сезонски работници во земјоделството, туризмот угостителството. Во Струмичко засега нема ангажирано лица иако законското решение има многу поволности за работодавачите. На терен и инспекторите...

Во Струмица и регионот засега нема пријавено лица како сезонски работници согласно Законот за работно ангажирање на лица. За четири месеци функционирање, бенефитите од оваа законско решение го имаат искористено лица и работодавачи од Битола, Охрид, Кичево и Кочани. По струмичките ниви сезонски работници има но никаде не се пријавени иако законското решение за нив обезбедува правна сигурност, пензиски стаж, осигурување при повреда, зачувување на социјалните права
Станува збор за ново законско решение кое нуди поволности за работодавачите од секторите земјоделство, туризам, угостителство, услуги во домаќинствата. Од терен веќе има сугестии за законски измени претежно во угостителско туристичката дејност каде најмногу како сезонци се јавуваат ученици и студенти.
Поволностите на Законот за работно ангажирање на лица беа претставени и во Струмица во рамките на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници“ кој го спроведува ГИЗ со Центарот за истражување и креирање политики, а во соработка со Министерството за економија и Агенцијата за вработување.
Ване Трајков
