Средношколци ја обновија урбаната опрема во Струмица
Средношколци од Струмица изминатиов месец ги заменија и санираа сите оштетени клупи во струмичкиот градски парк. Сето тоа го прават по часовите на практична настава. Паралелно имаат изработено и шкафче за секое дете. За општествено одговорната инцијатива на средношколците од „Никола Карев“...

Средношколците од дрвопреработувачката струка од училиштето „Никола Карев“ ја обновија урбаната опрема во градскиот парк во Струмица. Ги сменија речиси сите клупи за одмор кои беа оштетени или уништени од несовесни граѓани.
И додека едни монтираа, други средношколци на часовите за практична настава во училиштето ги спремаа клупите за одмор.
Ова не е првпат средношколците од дрвопреработувачката струка при СОУ „Никола Карев“ да помагаат во заедницата.
За обнова на урбаната опрема во Струмица, материјалите ги обезбедува ЈП „Комуналец“ заедно со Општината.
Ване Трајков
