Поранешната антикорупционерка на обвинителна клупа
Во Кривичниот суд заврши доказната постапка на Обвинителството во случајот против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, како првоосомничена...

Заврши доказната постапка на Обвинителството во случајот против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, како првоосомничена. Како докази кои одат во прилог на обвинителниот акт, беа презентирани комуникации на првообвинетата, екстрахирани од електронски направи. Од Обвинителството велат, со нив се докажува дека Димитровска вршела дејствија во насока на исполнување на кривичното дело, оддавање на службена тајна, бидејќи споделувала информации кои не смееле да бидат споделени.
Од одбраната пак, велат дека ниту една од презентираните комуникации и споделени информации, не е инкриминирачка и не претставува казнено дело.
Димитровска е обвинета за две кривични дела, компјутерски фалсификат и оддавање на службена тајна.
Марија Котовска
