Шкотска и рече „НЕ“ на независноста!

19.09.2014 10:06

Во фантастичната излезност од 86 насто, дури 55,42 процентисе изјасниле против за отцепувањето од Велика Британија. Пресудни беа гласовите на Единбург, во кој унионистите победија...

Шкотска останува дел од Обединетото кралство, покажуваат првичните неофицијални резултати од вчерашниот судбоносен ден за Шкотланѓаните, Кралството но и Европа.

Во фантастичната излезност од 86 насто, дури 55,42 процентисе изјасниле против за отцепувањето од Велика Британија. Пресудни беа гласовите на Единбург, во кој унионистите победија додека во Глазгов, мнозинството гласаше „за“. Лидерот на кампањата за независност и премиер на Шкотска го призна поразот и ги повика граѓаните да ја прифатат демократската одлука на народот.

„Ова е триумф за демократскиот процес, кој ќе не движи во иднина. Нема враќање на она што беше пред референдумот. Со овој постигнат резултат очекуваме  Лондон брзо да ги исполни ветувањата за поголеми овластувања на Шкотска“, рече Алекс Салмонд, премиер на Шкотска.

Претходно и неговиот заменик го призна поразот.

„Како и илјадниците други во земјава  разочарана сум  бидејќи за малку не успеавме да обезбедиме поддршка за независност. Без разлика на се што се случи во Шкотска ништо повеќе нема да биде исто.Баравме промени и тие ќе мора да се исполнат. Овој резултат испраќа голема порака“, рече Никола Старџн, заменик премиер на Шкотска.

На друга страна пак лидерот на  кампањата „Подобро ни е заедно“, Алистер Дарлинг,   рече дека ова е значаен резултат за Шкотска но и за Велика Британија во целина. Олеснување по резултатите и честитки од британскиот премиер Дејвид Камерон.

„Јас верувам во Велика Британија и повеќе од се сакам нашите земји да останат заедно, но исто така сум и демократ. Им честитам на двете кампањи. Сега имаме шанса да го смениме начинот на кој функционираат британците и да одиме кон подобро“, нагласи премиерот Камерон.

Пред самиот ден на референдумот, повеќето од велесилите се изјаснија во корист на британскиот интегритет поради сопствените предизвици за сецесија, кои се најиизразени во Европската Унија.

 

Маријана Димовска