Гаши: Законот за влада донесен според деловникот
Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека постапката за Законот за Влада е спроведена согласно Деловникот, додека за дел од реформските закони е потребен поширок политички консензус.

Законот за влада е донесен според деловникот и според законските одредби, потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски законски постапил кога барањето на ДУИ го ставил на изјаснување на пленарна седница, вели собранискиот спикер Гаши.
Според него, никаде не е предвидено овој закон да оди на мислење во Комитетот за односи меѓу заедниците пред да се гласа, како што побараа опозициските партии на Албанците.
Во однос на законите за Јавното обвинителство и Законот за пратеници, вели дека тие не се блокирани во законодавната процедура, туку за нив е потребно двотретинско мнозинство, или пак, политички консензус за да го минат филтерот.
Законите од реформската агенда ни се приоритет, штом пристигнат како легислатива од владата, тие влегуваат во процедура, вели Гаши.
Засега, според него, нема најави за бојкот на дел од пратениците на законодавните сесии, ниту пак интенција кај одредени партии да го блокираат законодавниот процес.
Игор Панов
