Реформската агенда се исполнува според предвидена динамика, уверува Мицкоски
Брисел деновиве ќе соопшти дека сме рамо до рамо со Црна Гора во спроведувањето на реформите – премиерот Мицкоски на прашањата од пратениците одговори дека до крајот на јуни ќе бидат исполнети најголемиот дел од чекорите што се бараат од нас.

Реформската агенда, усогласена и препорачана од официјален Брисел се исполнува според предвидена динамика. До крајниот рок во јуни ќе бидат исполнети 10 индикатори, ќе останат два до три чекори кои свесно нема да ги направиме – уверува премиерот Мицкоски, кој одговараше на пратенички прашања. Тој очекува земјава, заедно со Црна Гора да бидат предводници на процесот.
СДСМ бара објаснување за планот за надминување на блокадата на евроинтегративниот пат, и праша дали Владата подготвува терен за внесување на Бугарите во Уставот. За такво нешто, источниот сосед ќе треба да исполни дел од пресудите на судот од Стразбур, одговори Владата.
Освен интеграциите, жестока дебата и за случајот со корупција во владините редови. „На дама таква инвентивност не ѝ доликува“, ѝ рече Тошковски на пратеничката Петровска која го праша зошто за поткуп е уапсен само директорот на Платежната агенција, кој бил фатен со мито во зградата на министерот Трипуновски.
Буџетските трошења во Армијата, новиот колективен договор, како и примената на Законот за јазиците беа дел на темите на пратеничките прашања.
Марина Стојанова-Тонева
