Меѓународниот ден на трудот

„За плата се бориме – не се молиме“ - осми првомајски протест организиран од ССМ

01.05.2026 08:10

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот. По тој повод, Сојузот на синдикати на Македонија организира протест под мотото „За плата се бориме – не се молиме“.

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот. По тој повод, Сојузот на синдикати на Македонија организира протест под мотото „За плата се бориме – не се молиме“.

Ова е осми првомајски протест што го организира ССМ, а годинава е со барање за зголемување на платите на работниците.

„Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, е денот кога не се поканува, туку се доаѓа. Денот, кога работниците, односно, правите синдикати насекаде во светот излегуваат на протест и на демонстрација. Денот, кога работниците треба да бидат најгласни“, велат од ССМ.