Временска прогноза
Посвежо време со сончеви периоди и силен северен ветер
01.05.2026 08:34
Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец...

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.
