Трамп: Иран очајно сака договор, но никој не знае кои се нивните лидери
Во ек на зголемени тензии и кревко примирје, Трамп изјави дека Иран „умира за договор“, но дека е проблем што не е јасно кои се вистинските лидери...

Сирени за воздушен напад огласени во делови од Техеран, активирани биле иранските системи за противвоздушна одбрана-јавуваат државните медиуми. Според нив, станува збор за реакција на „непријателско извидување и мини-дронови“, по што предупредувачките сигнали биле прекинати. Во ек на зголемени тензии и кревко примирје, Трамп изјави дека Иран „умира за договор“, но дека е проблем што не е јасно кои се вистинските лидери.
„Иран умира да склучи договор, но не можат да имаат нуклеарно оружје. Моќта на блокадата е неверојатна. Тие очајно сакаат договор, но никој не знае кои се нивните лидери“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Морската блокада на САД е продолжение на воената акција – оценува иранскиот претседател Пезешкијан.
„Она што се прави под маската на поморска блокада е продолжување на воените операции. Продолжувањето на овој репресивен пристап е неподнослив“, објави иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан.
Во исчекување на ревидираниот мировен предлог од Иран, Пакистан соопшти дека останува посветен на дијалогот меѓу Техеран и Вашингтон.
