Руско - украински конфликт
Русија ќе прогласи еднодневен прекин на огнот на 9-ти мај
01.05.2026 09:41
Зеленски предупреди дека ваквиот потег може да биде „тактичка измама“, поврзана со обиди за ублажување на санкциите, и ги повика САД и Европа да не попуштаат...

Русија ќе прогласи еднодневен прекин на огнот на 9-ти мај, потврди Кремљ, наведувајќи дека ставот на Киев не е неопходен.
Зеленски предупреди дека ваквиот потег може да биде „тактичка измама“, поврзана со обиди за ублажување на санкциите, и ги повика САД и Европа да не попуштаат.
Во меѓувреме, Украина ја продолжува воената состојба и општата мобилизација додека борбите на фронтот се интензивираат.
