Меѓународен ден на трудот

Почна првомајскиот протест на ССМ за поголеми плати

01.05.2026 12:04

Протестот почна од пред Работничкиот дом во Скопје, а учесниците ќе се движат по добро познатата траса пред Собранието, Стопанската комора на Македонија и Владата...

Со транспаренти „За плата се бориме, не се молиме“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ почна првомајскиот протест на Сојузот на синдикати на Македонија. Голем број работници, синдикалци и граѓани се собраа со барања за повисоки плати, подобри услови за работа и поголема заштита на работничките права.

Протестот почна од пред Работничкиот дом во Скопје, а учесниците ќе се движат по добро познатата траса пред Собранието, Стопанската комора на Македонија и Владата.

ССМ и сега, на Меѓународниот ден на трудот, ќе побара од власта зголемување на платите за достоинствен живот на работниците.