Велика Британија го подигна нивото на терористичка закана на „сериозен“ степен
По владиниот состанок по последниот инцидент во Лондон во кој беа нападнати евреи со нож, премиерот Стармер најави засилени безбедносни мерки...

Велика Британија го зголеми нивото на терористичка закана на „сериозен“ степен поради ризик од напади во наредните шест месеци, во услови на растечки исламистички и екстремно десничарски закани.
По владиниот состанок по последниот инцидент во Лондон во кој беа нападнати евреи со нож, премиерот Стармер најави засилени безбедносни мерки.
„Ќе го зајакнеме полициското присуство во нашите еврејски заедници со посилни овластувања за затворање на организации кои промовираат антисемитски екстремизам и ќе ги спречиме проповедниците на омраза да влезат во нашата земја со забрзано донесувањето на потребното законодавство“, изјави Кир Стармер, премиер на Обединетото Кралство.
