Зголемено производство на маслодајна репка
19.09.2014 10:05
Субвенциите и производството на био- дизелот ја враќаат маслодајната репка на македонските ниви. Иако беше заборавена, таа годинава беше насадена на 5.000 хектари...

Маслодајната репка се враќа на нивите. Годинава се насеа на 5.000 хектари со род од 3 тони по хектар. Поголемите земјоделски стопанства ја извезуваат најмногу во Грција за производство на гориво.
Од еден хектар маслодајна репка може да се добијат скоро 400 литри биодизел. Продажната цената се движи од 15 до 20 денари за килограм.
Субвенциите од 9.000 денари по хектар и дополнителни 1.000 ако се користи како добиточна храна плус 3.000 денари за сертифициран семенски материјал исто така добро им дојдоа на земјоделците.
Оваа култура се користи и во плодоред.
Методија Трајков
