Ден на трудот
Со протестни маршеви низ светот се одбележува Меѓународниот ден на трудот
01.05.2026 12:32
Во Аргентина, работниците протестираа против реформите на претседател Милеи, оценувајќи дека ги намалуваат работничките права...

Денот на трудот се одбележува ширум светот. Во Аргентина, работниците протестираа против реформите на претседател Милеи, оценувајќи дека ги намалуваат работничките права.
На Филипините организиран марш за повисоки плати, пониски даноци и подобри услови за работа.
Во Турција, пак, приведени десетици демонстранти кои се обидоа да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул и покрај забраната.
Масовни протести се одржаа и низ САД против политиките на Трамп, со барања за повисоки плати, повеќе инвестиции во образованието и посилни синдикални права.
