Угостителство

Сезонците ќе го пополнува недостигот на кадар

02.05.2026 19:32

Веќе е видлив недостигот на кадарот во угостителството. Пред летото, прилепските угостители брзаат да го пополнат дефицитот, користејќи го Законот за работно ангажирање. Од Министерството за економија и труд велат дека има интерес, најмногу токму во оваа услужна стопанска гранка...

За 30-тина проценти недостига кадар во угостителството. Дефицитот допрва се зголемува со заминувањето на кадарот на сезонска работа, главно во Хрватска. Прилепските угостители ќе го искористат Законот за работно ангажирање и ги чекаат средношколците и студентите да ја завршат учебната година за да им ја понудат работата.

Угостителите се подготвени да понудат подобри услови, посебно за професионалниот кадар.

Министерството за економија и труд ги продолжува инфо-средбите укажувајќи на придобивките од Законот за работно ангажирање на сезонците во земјоделството, услужните дејности, угостителството. Има десетици пријави, а најмногу од угостителството.

Угостителите ќе ангажираат нов кадар да го пополнат недостигот. И ќе се надеваат на долго топло лето со гости и туристи.

Елизабета Митреска