Метеж на Евзони за влез во Грција – патниците бараат олеснувања
Продолжениот празничен викенд повторно предизвика метеж на ГП Евзони за влез во Грција заради новиот ЕЕС систем. Повеќе од 14 илјади патници од земјава и странство заминале за Грција во последните 24 часа соопштија од МВР...

Повеќе од 14 илјади патници од земјава и странство излегле кон Грција преку ГП Богородица за последните 24 часа. До еден час се чекаше на Евзони за влез во Грција за првомајскиот продолжен викенд. Примената на новиот европскиот ЕЕС систем е причина за гужвите заради што дел од патниците од Македонија и Србија бараат негово одлагање или олеснување.
Најголемиот дел од патниците кои заминаа за Грција за првомајскиот викенд се од Србија и Косово. Грчките власти најавија олеснување за Британците кои на граница ќе бидат ослободени од земање отпечатоци и фотографирање.
Новиот ЕЕС систем, кој е воведен во 29 европски земји, има за цел да ја зајакне граничната контрола и да спречи злоупотреба на идентитетот. Неговата примена започна од 10-ти април годинава.
Ване Трајков
