Првомајска прослава со излети и пикник во природа
Едни на протест за поголеми работнички права, други пак на рекреативна прослава на празникот на трудот. Дел од граѓаните 1 Мај слават во природа, со скара, излети и семејни собири, далеку од градската врева...

Ударнички, со скара и пијалак во природа на излет, вака работниците го празнуваа 1 Мај. Ги зазедоа сите излетнички места надвор од Скопје, со семејствата и пријателите на прослава, со добра храна и музика.
Постарите носталгично се присетуваат кога празникот на трудот се славеше два дена со масовни синдикални маршеви и барања за правата на работниците. Но, и вака на излет имаат можност да се видат со најблиските и да подишат чист воздух.
Дел од оние коишто го прославуваат 1 Мај во излетничките места, сметаат дека со излет треба да го празнуваат оти е само еден празничен ден.
Рекреативната прослава на 1 Мај стана традиција во Македонија. Секоја година се повеќе и млади се придружуваат на празничниот излет за празникот на трудот, како можност да поминат еден ден надвор во природа.
Ирина Гелевска
