Прилеп
Големите компании бараат враќање на железничкиот транспорт во Пелагонискиот регион
03.05.2026 17:44
Големите компании од пелагонискиот регион за дури 50 проценти ќе ги намалат трошоците како се воспостави карго транспортот преку железницата. Владата вети, ќе се набавуваат нови локомотиви во железницата, а компаниите сметаат дека тоа мора да се реализира што побрзо …

За дури 50 проценти големите компании ќе ги намалат трошоците доколку повторно се воспостави карго транспортот преку железницата за извоз на производи и увоз на суровини во Пелагониско. Во услови на енормни цени на горивото, железничкиот транспорт е повеќе од добредојден.
Владата вели дека оперативниот план ќе биде во функција за 6 до 12 месеци што за компаниите е бавно.
Стопанствениците бараат да се забрза процесот за да има ефекти.
Елизабета Митреска
