Иванов ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН на 26-ти септември
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на 26-ти септември ќе има обраќање пред Генералното собрание на ОН, во рамки на годишната конференција на меѓународната организација.
Утре, претседателот Иванов пристигнува во Њујорк, на 22-ри септември ќе се сретне со нашите иселеници во Њу Џерси, потоа ќе учествува на конференцијата за климатски промени и ќе има предавање на престижниот „Јеил“ универзитет.

Во делегацијата, предводена од претседателот, се и министерот за надворешни работи Никола Попоски, македонскиот амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски и нашиот амбасадор во ОН, Васко Андоновски.