Лица поврзани со Исламска држава ја нападнале Еврејската заедница
Седуммина приведени за обидот за опожарување на верскиот објект на еврејската заедница. МВР го расчисти случајот, двајца скопјани добија кривични за тероризам и завршија зад решетки...

МВР го расчисти обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница од 12-ти април, кога лица со кациги на глава ја прескокнаа оградата, истурија запалива течност и предизвикаа пожар. На случајот работеле Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност. По насоки на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се извршени претреси на 13 локации во Скопје, седуммина се приведени, двајца се во притвор со кривични пријави за тероризам.
Агенцијата за национална безбедност информираше дека лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата имале логистичка мрежа и припаѓале на радикална групација, идеолошки блиска до исламска држава.
„Од страна на АНБ се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани“, соопштија од АНБ.
Израелскиот министер за надворешни, Гидеон Сар ја поздрави брзата акција на нашите власти.
„Нивната одлучна и брза акција да ги соочат сторителите со одговорност, се показател за заложбите на Северна Македонија да ја заштити еврејската заедница“, напиша Сар.
Пожарот предизвика материјална штета во еврејската заедница, а инцидентот го осудија и властите и верските заедници во земјава.
Игор Панов
